Инцко: Поминаа времињата кога меѓународната заедница пропишуваше решенија во БиХ

Од:

Високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко изјави дека поминале времиња кога меѓународната заедница пропишуваше решенија во БиХ и била предводник во нивното спроведување, и оти домашните политичари мора што побрзо да почнат да прават напори за да се тргне напред.

– Политичарите мора да се помират со тоа. Силата што го движи возот наречен БиХ и го води напред мора да биде made in (направена во) БиХ, рече Инцко.

Тој порача дека е неопходно што побрзо да се формираат органи на власта на сите нивоа, имајќи ги предвид меѓународните обврски на БиХ, оценувајќи дека тоа е основен предуслов за реформите потребни на патот кон интеграција во ЕУ.

Инцко истакна дека БиХ статистички е меѓу најсиромашните земји во Европа и оти се потребни реформи за да се подобрат условите за живот.

– Процесот на интеграција во ЕУ ќе и обезбеди на БиХ неопходна поддршка во спроведувањето на потребните реформи со цел земјата да се подготви за решавање на предизвиците кои произлегуваат од целосното членство во ЕУ. Тоа не е лесна задача, рече високиот претставник во БиХ.

Тој смета дека тоа може да се постигне со политичка волја и поддршка од населението, но дека, како што рече, на БиХ и треба одредено освежување.

Според него, нема сомнение дека кога Босна и Херцеговина со одлучен чекор ќе тргне напред меѓународната заедница ќе биде таму за да помогне, можеби дури и повеќе од порано.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина