Инцко: Меѓународната заедница ќе интервенира во БиХ при обид за сецесија

Од:

Сепаратистите кои се обидуваат да ја поделат Босна и Херцеговина по етнички линии, ги загрозуваат напорите на земјата за членство во ЕУ и ќе ја принудат меѓународната заедница да интервенира на секој обид за отцепување, изјави високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко,

– Од една страна имаме заложби за интеграција во Европа, а во исто време, од друга страна, и заложби за деинтеграција на земјата, оцени Инцко, додавајќи дека таквите обиди несомнено ќе го успорат процесот на приближување на БиХ кон ЕУ.

Како што јави ФЕНА, тој нагласи и дека меѓунардоната заедници би можела да интервенира во БиХ, доколку „бидат преминати црвените линии“, односно ако босанските Срби распишат референдум за независност на Република Српска.

Запрашан дали таа интервенција на меѓународната заедница би била од воен карактер, Инцко одговори дека тој попрво би се придржувал до мирни решенија, како на пример меѓународен притисок.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина