Силниот земјотрес што ја погоди Албанија изутринава во 3:56 часот предизвика материјална штешта, а има и повредени, јавуваат албанските медиуми.
Поширокото подрачје на Драч каде што беше епицентарот на земјотресот со магнитуда од 6,4 степени според Рихтер, е без струја, а жителите се надвор од своите домови.
Земјотресот беше почувствуван и во Северна Македонија, Црна Гора и Грција. Неколку минути по главниот потрес е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 5,3 степени.
Драч од силен земотрес беше погоден и на 21 септември, со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот беше на 30 километри северно од Драч,во Јадранско Море.