Иконому: Нема да дозволиме Грција повторно да ги живее сцените со мигрантите од 2015 година

Од:

Ставот дека Грција нема да толерира никаква инструментализација на ситуацијата во Авганистан и нема да дозволи да се повтори 2015 година во мигрантското прашање, го истакна портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

За состојбата во Авганистан и евентуаланите нови мигрантски бранови во Грција, рече дека Владата, нејзините активности ќе ги усогласи со Европската унија од која побарале формирање заеднички став и да постои заеднчко справување со ситуацијата и со евенуалната хуминатрна криза што би произлегла.

-Исто така, побаравме јасно да им биде ставено на знаење и на трети земји и на Турција дека нема да се толерира никаква инструментализација на конкретната ситуација, додаде Иконому.

Истакна дека „силите за спречување будно ги следат сите влезни точки за да не се дозволи, поради она што се случува во Авганистан, инструметализација на било кое прашање“.

-Сигурно е дека нема да дозволиме земјата да живее сцени од 2015 година, ниту на островите, ниту на другите влезни точки, ниту на автопатите, ниту на железничките линии, ниту во урбаните средини, рече портпаролот на грчката Влада додавајќи дека Грција нема повторно да биде простор во кој секој ќе прави што сака.

Пратеничката од Неа демократија Дора Бакојани, говорејќи за информативниот портал „Ајефимерида“ во понеделникот рече дека Грција е должна да спаси осум Авганистанци, кои во изминатите години соработувале со грчките Влади во Авганистан.

За конкретното прашање, владиниот портпарол на денешниот брифинг објасни дека Министерството за надврорешни работи ги координира сите неопходни активности што треба да се направат за конкретното прашање.

-Во комуникација сме и со луѓето и со странски земји и делегации што можат да помогнат во оваа насока и нема да заперме со ативносите сè додека безбедно не ги донесеме во нашата земја, истакна Иконому.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција