И во Сараево протести заради филмот „Невиноста на муслиманите“

Од:

Група млади протестираа денес после Џума-намаз пред Гази Хусреф-беговата џамија во Сараево, против филмот „Невиноста на муслиманите“ во кој са навредува пророкот Мухамед и исламот воопшто. Тие носеа транспарент на кој пишуваше „смрт за филмот Невиноста на муслиманите“.

„Ако веруваме во Куранот и Алах, а веруваме, знаеме дека Алах рекол – Пророку оние што те напаѓаат ќе останат без спомени. Не треба тука нашата сила, тука е силата на Алах, која тие што го напаѓаат исламот и муслиманите ќе ги остави без трага “ рече хафиз Исмет ефендија Спахиќ, заменик реиз ул улема на Исламската верска заедница во БиХ. Тој го осуди насилството што се случи во Либија и во делот на арапскиот свет.

„Муслимани горе главата! Вистинскиот муслиман треба да биде достоинствен,да се издигне над ова валкање, затоа што на некого му е во интерес да ги извалка муслиманите“ рече Спахиќ.

„Еден американски режисер направи филм во кој најпогрдно го прикажа пророкот Мухамед. Муслиманите наместо да бидат достоинствени и да го истрпат тоа, прават уште поголема грешка – убиство, трагедија. Така не смее да се делува“.

Би можело да ве интересира

ЛиДеМ со Резолуција за Кочани – мирни протести, слободни од политички влијанија и притисок

Предраг Петровиќ

„Рацете подалеку од нашата демократија“ – масовни протести во САД против Трамп и Маск

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Илјадници протестираа во Истанбул поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Џонатан Мур за протестот во Белград: Снимката што ја видов не докажува употреба на звучен топ

Две млади момчиња паднале од ѕид во близина на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград