Британското министерство за надворешни работи потврдило за Ора њуз вклучување на „некои албански поединци на црната листа како инволвирани во криминал и корупција“, но без да даде имиња и мерки преземени против нив.
-Обединетото Кралство ги зголемува напорите да ги прекине врските меѓу политиката и криминалот на Западен Балкан. Овие врски значат дека организираните криминални групи купуваат, уценуваат и заплашуваат гласачи во замена за политичка заштита. Тоа е причината зошто Обединетото Кралство презеде акција против неколку албански поединци со добро објавени и документирани врски со криминал и корупција, стои во одговор на министерството, на прашање на телевизијата.
Се додава дека Обединетото Кралство има на располагање голем број алатки за да спречи поединци поврзани со криминал и корупција, вклучително и нивно прогласување нон грата, но и замрзнување на економските средства.
Претходно специјалниот пратеник на британскиот премиер за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, најави дека по посетата на Тирана дошол до заклучок дека Албанија преземала чекори уште пред создавањето на специјалното обвинителство и бирото за истраги, но повторно е „оценето како неопходност интервенција на Британија за создавање црни листи за лица со врски меѓу политика, криминал и корупција“.
Преку статус на Твитер и британската амбасада во Тирана, тврди дека оваа земја презела дејствија против некои албански поединци поврзани со криминал и корупција.
„Оваа недела Британија презеде акција против неколку албански поединци поврзани со криминал и корупција. Наша порака: Криминалните дејствија нема да поминат без последици. Заедно со Албанија ќе се погрижиме никој да не биде над законот, стои во објавата на амбасадата.
Извор: МИА