И Партијата на Грците во изборна коалиција со Бериша

Од:

Се окрупнува опозицијата предводена од демократот Сали Бериша за локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, 2023 година.

По договорот со Партијата на слободата на Илир Мета, за заеднички настап, Бериша постигна ваков договор и со Партијата за единство и заштита на човековите права на Вангел Дуле, инаку партија на Грците во Албанија.

– Заедно одиме кон изборен триумф. Слободно дадениот глас ќе ја врати демократијата во земјата. Според договорот, Демократската партија нема свои кандидати во општините каде Партијата на нашиот сојузник Дуле веќе утврди свои кандидати, објави Бериша.

Претходно Партијата на Дуле и грчкото друштво “Омонија” ги утврдија кандидатите за градоначалници во Финиќ, Дропул и Химара, во јужниот дел на земјата, населени главно со Грци.

Во Финиќ кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Леонида Кристо, во Дропул, Танас Манека, додека во Химара, Фреди Белери.

Леонида Кристо, кој довербата ќе ја бара по вторпат, на минатите избори беше единствен кандидат кој освои градоначалничко место во вкупно 61 општина, останатите беа од владејачката Социјалистичка партија, бидејќи здружената опозиција ги бојкотираше истите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он