И денес луѓето стојат на „Хеј, Словени“

Од:

Животот беше најголема вредност на поранешна Југославија, вели новинарот и публицист Иван Ивачковиќ, чија што книга „Како ја испеавме: Југославија и нејзината музика“ само за стотина дена доживеа три изданија.

Тој за српски „Блиц“ раскажува дека публиката која што ги проследува промоциите на книгата, покажува знаци на носталгија за поранешна Југославија.

-Тие промоции се можност да се собереме ние кои што се родивме, растевме и созреавме во Југославија, иако доаѓаат и млади, кои што пристигнаа на свет кога Југославија не постоеше. На крај секогаш сите заедно жалиме. Понекогаш има и солзи, но и гордост. Во Зрењанин сите луѓе во салата станаа на химната „Хеј, Словени“-изјави Ивачковиќ.

Според него Тито од себе правел тотем поради што сите, како Индијанци морале да играат и да му се покоруваат, но сепак тој го држел југословенскиот народ заедно и му обезбедувал углед во светот.

-Југославија беше држава која другите многу ја почитуваа. За жал таа сама не знаеше да се почитува. Распадот на СФРЈ донесе, не само надвор, туку и кај сите нас внатре, такви промени поради кои мислам дека починав, се реинкарнирав и станав друга личност-вели тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Поранешна СФРЈ сè уште е жива во Кочани, титовистите го одбележаа нејзиниот 80. роденден

Ковачевски сака граѓаните да имаат стандард како во времето на СФРЈ: Ќе носам тешки одлуки за ЕУ

A1on

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк за 50 милиони долари, сукцесор е и Северна Македонија

Македонија и Србија ќе делат стан во Трст, наследството од поранешната Југославија

На возраст од 101 година почина поранешниот функционер на СФРЈ Бранко Мамула

Ана Ололовска