Хрватските бродоградилишта се во длабока криза

Од:

Политичарите, економските експерти и експертите често зборуваат за состојбата во бродоградилиштата во Риека и Сплит. Тамошните работници на тоа гледаат многу поинаку, а некои од нив дадоа изјави за Дојче веле.

На неизвесноста околу судбината на две до три најголеми хрватски бродоградилишта, „Бродосплит“ и риечкото „3 Мај“, не се гледа крајот оваа есен, иако актуелната хрватска Влада за нив најавува квалитетно решение уште откако во јануари го презема водењето на државните работи.

За сплитското бродоградилиште се планира приватизација, а кандидатот за купување се наметна со самото тоа што фактички беше единствен интересент – самоборскиот производител на завртки „Див“, во сопственост на Томислав Дебељак.

Риечаните треба да го преземат бродоградилиштето Уљаник во Пуљани, единствен голем успешен субјект во таа стопанска гранка во Хрватска. Сепак, штотуку започнатиот процес за мнозинска приватизација на Уљаник, случајот за преземање на „3 Мај“ го остави отворен.

„Бродосплит“ мака мачи околу фактот дека Дебељак во голема мера е бизнисмен во дубиоза, обвинет за затајување на данок и друга нелегална работа и големо прашање е колку ќе има смисла да му се довери најголемата сплитска производствена адреса.

Нова чизма на фашизмот

Притоа бродоградбата се уште е најголема хрватска извозна гранка, без разлика колку таа индустрија беше систематски исцрпувана, со нестручно раководење од страна на актуелните партиски кадри, со монетарната политика несклона кон домашното производство и со корупцијата, која од неа извлече стотици милиони куни за сметка на многу приватни кооперанти. Европската унија сеедно инсистира на итен излез на државата од тој сектор во Хрватска, што илјадници вработени во „3 Мај“ и „Бродосплит“ може да ги остави без работа. Разговаравме со неколку од нив.

– Риечкото бродоградилиште доби име по денот кога градот бил ослободен од фашистичката чизма. Но како повторно да се враќаме во 40-тите години од 20 век, само што сегашното оружје е поефикасно. Нашата фирма денес повеќе издвојува за камати на банкарските сметки, отколку за плати на работниците. Притоа прашање е дали работниците по последните 20 години демократија и трипартитен систем на држава-работодавец-синдикат, кој инаку го замисли Бенито Мусолини, зачуваа нешто од својата борбеност, вели Игор Зенко заварувач од „3 Мај“.

Одговорните ќе ги бараме по градот

Тој истакнува дека не е женет, нема деца, ниту пак лично е оптоварен со кредит, па намерата за ликвидација на бродоградилиштето поради исполнување на услови на пазарна конкуренција диктирана од неолибералната ЕУ, како што истакнува самиот всушност ќе го погоди минимално. Сепак свесен е што значи тоа за неговиот роден крај, а исто така и за колегите работници од Славонија и Босна и Херцеговина. Острицата на неговите критики е насочена на синдикатите, на кои работниците се почесто им замеруваат дека ги изневериле принципите кои треба да ги застапуваат, а тие повеќе се загрижени за фирмата отколку за работниците и тоа не само за „3 Мај“.

– Често имам впечаток дека вистинската функција на синдикатите всушност е стишување на работничкиот бунт, вели Зенко за Дојче веле. – За тоа добар пример е штрајкот во организација на Синдикатот на металците, кој ќе се одржи внатре во фирмата „3 Мај“, во време на маренда?! Сигурен сум дека во врвот на Владата се кинат од смеење за таа игротека. Времето истекува и наскоро ќе се знае што ќе биде со овој симбол на ослободувањето на Риека. Најмногу се плашам дека режимот успеа во пасивизација на работниците и ширење на апатија. Постои само можноста дека поединци потоа сами низ градот ќе ги бараат одговорните за нивната судбина.

Пристаништата се полни со бродови

Една работничка од „Бродосплит“, со која исто така разговаравме, рече за Дојче веле дека до пензија и остануваат уште 10 години, а целиот работен век го поминала во тоа бродоградилиште. – Мојот сопруг исто така, а него му фалат уште помалку години до пензија. Но на нас „Бродосплит“ ни е цел живот. Сега ќе ви кажам како. Едното дете ми работи во трговија, другото во туризам и двајцата имаат свои деца и кредити. И не можат без наша помош, така три семејства зависат од нашите две плати. Заедно едвај се крпиме и ќе пропаднеме сите, само ако еден од нас добие отказ.

Таа вели дека нивните четири раце изградиле толку бродови што не им се знае бројот. Секакви бродови, светските пристаништа се полни со тие бродови. Горди се на својата работа, а сега бараат имињата да не им бидат во јавност, бидејќи некој може да им забележи и да им ја загрози егзистенцијата – некој од владините кругови, или новиот сопственик, сеедно. – Не е исто како во Загреб, каде има повеќе работа и каде секој живее за себе – објаснува нашата соговорничка. – Тука сите зависиме од заеднички буџет, целото семејство, како во старите времиња.

Има ли крај на молчењето?

Се слушнавме и со нејзиниот сопруг, кој се надоврза на разговорот за моделот на кризно управување во поново време, што укажува на заборавениот факт дека кај економските прашања сепак се работи за општествена дејност, а не за технички науки. – Така кај нас, „Бродосплит“ ги храни сите од дедото и бабата до внуците. Има многу такви примери тука. Бродоградилиштето ни е дел од животот и тоа е така за голем дел од Сплит, вели тој за најголемиот градски погон.

На крај дознавме и тоа дека од нив двајца всушност сопругата е таа која сепак се одлучи јавно да зборува со име и презиме, бидејќи вели – до кога ќе молчиме и ќе чекаме што ќе одлучат други за нас. Исто така тешко е да не се признае дека нејзиниот сопруг има причина да се плаши, знаејќи ги приликите во секојдневието. Но дефинитивниот одговор на дилемата околу достигнатиот степен на работничката апатија и страв и мерките на штрајкот како противтежа на тоа, а кои ги изнесе Игор Зенко, сигурно ќе ги дознаеме наскоро – како што самиот оцени.

Би можело да ве интересира

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата