Хрватскиот министер за одбрана е тешко повреден во сообраќајна несреќа

Од:

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ (44) е тешко повреден во сообраќајна несреќа во која еден маж загина.

Според хрватските медиуми, Марио Баножиќ е во болница.

Полицијата соопшти дека за сообраќајната незгода на државниот пат ДЦ-55 на излезот од Винковци.

– Се судриле комбе и aвтомобил. Возачот на комбето загина, додека возачот на автомобилот, кој е државен службеник, поради здобиените повреди е пренесен во Жупаниската општа болница во Винковци – соопштија од полицијата.

Баножиќ поради тежината на повредите ќе биде префрлен во Клиничката болница во Осиек, потврдија од болницата во Винковци, каде што Баножиќ беше хоспитализиран по несреќата.

Од болницата не прецизираа со какви повреди се здобил министерот Баножиќ, само велат дека повредите се сериозни и дека во текот на денот ќе биде пренесен од Винковци во КБЦ Осиек на понатамошно лекување.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај загина 46-годишен камионџија од Желино

Седум загинати, над 53 повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Пијан возач од Македонски Брод удри во паркиран автомобил

Штипјанец е тешко повреден откако со мотоцикл излета од автопатот Скопје-Куманово

Во сообраќајка загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ

Горан Наумовски

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он