Хрватски суд му забрани на куче да лае

Од:

Кучето Медо од местото Перој крај хрватскиот град Пула е казнето поради она што го прават сите кучиња – лаењето, објавија хрватските медиуми.

Имено, по тужба на една соседка, Судот во Пула му наредил на сопственикот на Медо да го запре лаењето на неговиот љубимец во текот на ноќните часови или во спротивно ќе биде казнет со 2.800 евра.

Соседката која ја поднела тужбата тврди дека Медо лае постојано, со што го загрозува нејзиното здравје.

Меѓутоа сопственикот на Медо ги отфрла ваквите обвинувања. – Тој лае нормално како и секое друго куче. Лае кога ќе види мачка или кога некој непознат ќе влезе на негова територија, додава сопственикот на казнетото куче.

Согласно судската олука, тригодишниот мешанец Медо сега седи затворен од 20 часот, па до осум часот следниот ден и е единственото куче во Хрватска на кое му е забрането да лае.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег