Хрватски медиуми: САД очекуваат Србија да застане на нивна страна

Од:

Хрватските медиуми пренесуваат дека српскиот премиер, Александар Вучиќ добил порака од американскиот потпретседател, Џозеф Бајден дека САД очекуваат од него да застане на страна на Запад.

Приближувањето на Србија кон Германија и ЕУ ја вознемири Москва, која го испрати својот министер за надвореши работи Сергеј Лавров да го „дисциплинира“ Белград -пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Лавров во Србија пристигна во екот на судирот помеѓу Русија и Украина, во момент кога европскиот претставник за енергетика Гинтер Етингер изјави дека Јужниот тек е проект, кој ЕУ би можела да го прифати.

-Од клучно значење е вие да го предводите продлабочувањето на односите помеѓу нашите држави. САД ќе продолжи да ги подржува напорите на вашата влада Србија да биде фактор за стабилност на Балкан и надвор од него- му порача Бајден на Вучиќ, истакнувајќи дека верува дека Србија ќе застане покрај своите европски партнери-пренесе „Јутарњи лист“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја