Хрватската влада ги намали цените на тестовите за коронавирус

Од:

Министерот за здравство на Хрватска Вили Берош денеска соопшти дека новата цена на ПЦР тестовите во земјата ќе биде од 500 до 700 куни (65.5 до 80 евра) наместо претходните 1.506 куни (200 евра), во зависност од видот и сигурноста на тестот.

Берош на прес-конференција рече дека новите цени може да се применат од денеска. Тој појасни дека сите оние кои сакаат да бидат тестирани приватно ќе ја платат новата цена од „501,49 куни за две целни секвенци и 698,21 куни за три секвенци“.

На прашањето која е разликата помеѓу двата теста, директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје Крунослав Чапак рече дека тоа е тешко да се објасни.

„Потребни се најмалку две секвенци за да се дијагностицира позитивен тест. Кога ќе се дијагностицира вториот антиген, тогаш сме сигурни дека тоа е коронавирус, а кога е дијагностициран третиот, тогаш сме уште посигурни, рече Чапак.

Министерот Берош рече дека на пазарот може да се појават и поевтини и поскапи тестови, кои би имале различна веродостојност, но додаде дека му дал инструкција на државниот фонд за здравство да ги набави најрелевантните тестови.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ