Хрватската полиција разби мрежа за шверц на дрога од Албанија и Косово

Од:

Хрватската полиција денеска соопшти дека вчера во Загреб уапсила пет лица осомничени дека се дел од криминална група што се занимавала со шверц на дрога од Албанија и Косово.

Полицијата се сомнева дека уапсените, кои се хрватски државјани, се дел од истата група на која и припаѓале и две лица претходно уапсени во Загреб и во Љубљана.

Полицијата утврдила дека шверцерската група, со која раководел 39-годишен хрватски државјанин по потекло од Косово, од минатото лето започнала со илегален транспорт на дрога од Албанија и Косово во Хравтска и западноевропските земји.

При вчерашната полициска акција е запленето одредено количество хероин, чија вредност на илегалниот нарко-пазар би изнесувала околу 132.000 евра.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога