Хрватската полиција ги вратила словенечкиот министер за полиција и неговата мајка од граница

Од:

Хрватската полиција вчера попладне го вратила словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс од граница. Тој според словенечките медиуми се обидел да ја премине границата на еден од граничните премини во Истра.

Според словенечкиот портал 24ур, Алеш Хојс пристигнал на границата со неговата мајка, но бидејќи министерот, ниту неговата мајка не ги исполнувале условите за влез на странци во Хрватска за време на епидемијата, морале да се вратат дома.

Порталот денеска го пренесува одговорот на хрватската гранична полиција, според кој Словенија „не најавила пристигнување на ниту еден министер“ и додава дека хрватската полиција не прецизира дали Хојс се обидел да ја премине границата со дипломатски пасош.

Министерот Хојс потврди дека е вратен од границата како обичен граѓанин и изјави дека не го покажал дипломатскиot пасош. Меѓу другото, тој тврди дека сакал да провери колку доследно хрватската гранична полиција ги контролира причините за преминување на границата во нивната земја.

Тој исто така тврди дека не ги прекршил словенечките прописи за ограничување на движењето меѓу општините затоа што неодамна купил имот во Копер.

Хојс во меѓувреме на Твитер напиша дека хрватската полиција не го спречила да влезе во Хрватска, туку затоа што немал негативен тест со него му дала избор да влезе и да оди во карантин, или да се врати, и тој го сторил тоа.

Би можело да ве интересира

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Снег во Хрватска: Заглавени камиони

Хрватска не оди во добра насока, сметаат 73 отсто од анкетираните граѓани

А1он