Хрватска во последните две недели е меѓу десетте европски земји со најмногу нови случаи на Ковид-19

Од:

Во последните 14 дена, Хрватска има вкупно 33,4 заразени на 100.000 жители, што ја става меѓу десетте земји со најголем број заразени во Европа, покажуваат податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Најлоши бројки во споменатиот период има во Шпанија, каде има 132,2 заразени на 100 000 жители, а потоа следат Луксембург и Малта со нешто повеќе од 98 заразени.

Што се однесува до околните земји, Австрија, која ја стави Хрватска на „црвената листа“, има 26,8 заразени лица, соседна Словенија 12,4, Италија 10, а Унгарија е најдобра. во последните две недели се регистрирани само 4,4 заразени лица на 100 илјади жители, објави хрватскиот портал Нет.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он