Хрватска и Унгарија обвинети за нелегално депортирање мигранти во Србија

Од:

Радош Ѓуровиќ од српскиот Центар за заштита и помош на барателите на азил обвини дека Хрватска и Унгарија во текот на 2017 година од своите територии во Србија незаконски депортирале околу 1.500 мигранти.

– Хрватска и Унгарија депортираат мигранти на територијата на Србија, обидувајќи се да ја претворат земјата во тампон зона. Така, на пример, Хрватска секојдневно во Србија депортира по 30-тина мигранти, изјави Ѓуровиќ.

Тој кажа дека од Унгарија во Србија биле депортирани околу 1.000 мигранти, а од Хрватска околу 500.

– Илегалното депортирање на мигранти не претставува само кршење на меѓународните закони и правила, туку и на законите на Европската унија и на шенгенскиот договор, изјави Ѓуровиќ.

Најголемиот број на мигрантите кои пристигнуваат во Србија не сакаат да останат во земјата, туку само ја користат како транзитна зона на нивниот пат кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија