72 годишната Минка Малтариќ од Хрватско Загорје, помина шест дена во затвор поради долг од 83 евра.
Затворот и бил одреден бидејќи освен старата куќа , немала друг имот.
„На старост доживеав да ме носат во затвор како некој криминалец“, изјави старицата за весникот „24 часа“.
На новинарите им раскажа дека минатата година не платила пет сметки, бидејќи немала пари, па од фирмата покренале тужба, а потоа и извршна постапка.
Неа ја посетил извршител но кога видел дека освен стариот телевизор нема што да земе, кон крајот на септември судот донел одлука поради долгот кој пораснал на 133. евра да ја пушти на издржување на казната.
Минатата среда ја спровеле во затворот во Вараждин, иако има проблем со коленото и со кила и се движи со штаки, заврши во келија со уште четири затворенички.
На затворските денови не се жали, а вчера се врати во куќата во која нема купатило, а не е приклучена ниту на канализација.