Хрватска со најлоша прогноза за економскиот раст во ЕУ

Од:

Хрватска има најлоша прогноза за економскиот раст од сите земји членки на Европската унија поради големата внатрешна и надворешна нерамнотежа, лошата бизнис клима и слабиот пазар на труд, соопшти националната телевизија ХРТ.

Во есенската прогноза Европската комисија го зголеми очекуваниот пад на економијата на Хрватска за оваа година од 0,6 отсто на 0,7 проценти од бруто домашниот производ (БДП) и предвидува раст на невработеноста од минатогодишните 17,3 проценти на 17,7 отсто.

Комисијата наведува дека по шест години рецесија се очекува идната година Хрватска да има слаб економски раст од 0,2 проценти. ЕК очекува невработеноста во 2015 година да остане 17,7 проценти, а во 2016 година да се намали на 17,3 отсто.

Според есенските прогнози на ЕК буџетскиот дефицит на Хрватска е зголемен на 5,6 отсто од БДП од 5,2 проценти минатата година.

ЕК предвидува државниот долг на достигне 81,7 отсто од БДП годинава, 84,9 проценти во 2015 и 89 отсто од БДП во 2016 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски