Хрватска со најголем дневен пораст на заразени со коронавирус

Од:

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 96 нови случаи на заразени со коронавирус, а двајца пациенти починале, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита во земјата.

Тоа е досега најголем број на заболени во еден ден, односно како и на 1 април, кога, исто така  биле регистрирани 96 случаи во земјата. Во самоизолација моментално се наоѓаат 4.943 лица, до денес тестирани биле вкупно 82.902 лица, а само во последното деноноќие се тестирани 1.465 лица, пренесуваат хрватските медиуми.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска, коронавирусот е потврден кај вкупно 3.008 лица, а досега се оздравени 2.168. Вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 112 лица.

Би можело да ве интересира

Фрлена бомба во куќата на познат хрватски фудбалски менаџер

Уапсен e пратеникот Јосип Дабро

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол