Хрватска смета дека е „неоснован“ предлогот од Црна Гора за поделба на Превлака

Од:

Хрватскиот министер за надворешни работи и европски прашања Весна Пусиќ ја оцени како „неоснована и неодговорна“ изјавата на директорот на црногорската Државна управа за недвижности, Драган Ковачевиќ дека спорниот полуостров Превлака „никогаш не припаѓал ниту на Хрватска, ниту на Црна Гора“ и затоа треба да биде поделен меѓу двете земји.

Одговарајќи на пратеничко прашање зошто Владата не реагирала на ваквата изјава, Пусиќ истакна дека Кабинетот интензивно работи на решавање на спорот со Црна Гора и определување на границата, откако се разменети неколку официјални ноти и се подготвува заедничка декларација на оваа тема.

– Во овој момент треба сериозно да се работи за решавање на проблемот, а не да се разменуваат бомбастични изјави, истакна шефицата на хрватската дипломатија.

Ковачевиќ неодамна изјави дека полуостровот не е регистриран ниту во хрватскиот, ниту во црногорскиот катастар и не постои ниту во еден документ, кој потврдува дека Превлака е хрватска или црногорска територија. Затоа според него, половина од полуостровот и припаѓа на Црна Гора и дипломатијата треба да се бори за неа.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег