Хрватска останува отворена за прием на бегалци

Од:

Во Хрватска досега влегле повеќе од 87.000 бегалци, а во последните 24 часа – 5.800, потврди хрватската полиција.

Бегалците пристигнуваат од Србија и нивниот транспорт продолжува кон Унгарија.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ при посетата на прифатниот камп во Опатовац, каде се сместени околу 1.900 лица  изјави дека „Хрватска не е во Шенген, но во грижата за бегалците се однесува како да е“.

Тој посочи дека Хрватска нема доволем број полицајци за обезбедување на границите од влез на бегалците, а армијата не е обучена за тоа.

Милановиќ наведе дека бегалската криза мора да престане таму каде што почна, во Грција, која е влезна точка во шенген зоната. Хрватска пред неколку месеци аплицираше за влез во шенген зоната.

– Во таков Шенген не сакаме да бидеме. Таков Шенген е опасен за Хрватска. Грција е членка на Шенгенот, а тие ги сместуваат луѓето во бродови и не ја чуваат својата граница со Турција,  што беше најчувана граница во светот, посочи Милановиќ.

Би можело да ве интересира

Фрлена бомба во куќата на познат хрватски фудбалски менаџер

Уапсен e пратеникот Јосип Дабро

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол