Хрватска одобри воведување на еврото во 2023 година

Од:

Хрватските пратеници денеска го одобрија законот со кој се отвора патот за воведување на еврото следната година.

Земјата треба да ја замени хрватската куна со евро на 1 јануари 2023 година.

Пратениците гласаа со 117 „за“ и 13 „против“ за законот за воведување на еврото. Еден пратеник од 151-члениот парламент беше воздржан, објави Еуроњуз.

Десничарските партии во хрватскиот парламент се спротивставија на воведувањето на еврото, велејќи дека тоа ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе изврши притисок врз граѓаните.

Двете валути ќе се користат паралелно во месеците по официјалното воведување на еврото.

Економијата на Хрватска зависи од приходите од туризмот во текот на летните месеци. Секоја сезона земјата привлекува стотици илјади европски и други странски туристи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон