Хрватска ја поддржува Црна Гора на патот кон ЕУ и НАТО

Од:

Црна Гора и Хрватска немаат отворени прашања, а Загреб ќе продолжи да ги поддржува европските и евроатлантски интеграции на Подгорица, изјавија денеска во Цетиње претседателите на двете држави Филип Вујановиќ и Иво Јосиповиќ.

Вујановиќ нагласи дека Црна Гора и Хрватска имаат одлични меѓусебни односи, што може да бидат добар пример во регионот. Јосиповиќ, нарекувајќи ја Црна Гора пријателска држава, порача дека Хрватска ќе продолжи со поддршка на Подгорица во процесот на европските интеграции.

– Хрватска ќе продолжи со помош на Црна Гора на патот кон ЕУ и НАТО. Имаме голем број заеднички ставови во однос на интеграциите, изјави Јосиповиќ, додавајќи дека двете земји имаат одлични односи.

Вујановиќ и Јосиповиќ изразија согласност дека црногорското малцинство во Хрватска и хрватското малциство во Црна Гора значително придонесуваат за добрите односи меѓу двете земји, оценувајќи дека економската соработка е добра, но и дека постои уште простор за нејзино подобрување.

Хрватскиот претседател денеска во Подгорица ќе се сретне со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и претседателот на Собранието Ранко Кривокапиќ.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби