Хрватска должи на Србија 7.000 икони

Од:

Се уште не се знае каде завршија околу 7.000 икони кои исчезнаа во воениот виор во текот на 90-тите во Хрватска.

Исчезнаа икони, црковни книги, архивски материјал и многу работи што припаѓале на Србите, пишува Новости.

Одговорот на ова прашање може ќе го најде новоизбраниот српски дел од мешаната Комисија за враќање на културните добра.

Очите на Србите бегалци со голема надеж гледаат во нив. Тие веќе подолго време чекаат да се спречи присвојувањето на спрското културно наследство и конечно да се стави точка на обидот на уцени од страна на Хрватска, која веќе некое време бара влезот на Србија во ЕУ да биде условен и со враќање на уметничкото богатство. А, токму благодарение на тоа што е пренесено на нашата територија е зачувано од уништување.

Со Комисијата која овие денови ја именуваше Владата на Србија, претседава Асја Драча, помошник министер за култура за меѓународна соработка. Останатите членови се владиката славонски Јован Чулибрк, Зоран Вапа, директор на Покраинскиот завод за заштита на спомениците на културата, Владимир Радовановиќ директор на Музејот на СПЦ, Игор Јовиќ секретар во Министерството за култура и Дејан Радовановиќ виш стручен соработник во Покраинскиот музеј. Каков став ќе заземат кон наследството на Србите од Хрватска, ќе знаеме по првата консултативна седница. Можеби ќе се исполни заветот на патријархот Павле, да не дозволат зачуваните икони да се вратат, додека не се вратат и бегалците на своите огништа.
– Имињата на членовите на Комисијата влеваат доверба и верувам дека поинаку ќе пристапат кон овој проблем – вели за Новости Милојко Будимир, советник во Историскиот музеј на Србија и претседател на Асоцијацијата за бегалци од Хрватска, кој долги години се бави со оваа проблематика.

– Досегашните членови на комисијата како да не ги интересираше што имаме да кажеме ние, кои сме од тие краишта, кои цело време бевме на терен и учествувавме во спасувањето на тоа богатство. Како да одевме на тие состаноци за да прошетаме во шопинг во Трст, а не сериозно да се заземат за српското наследство. Фактички не знаеја ни за што преговараат. Не го наведоа српското богатство кое остана таму, туку само излегоа во пресрет на Хрватите.

За разлика од Србија, Хрватска има прецизен попис на она што го бара. Хрватска бара околу 46.000 разни уметнички дела. Половина од тој список веќе е вратено од 2001 година до ноември 2013, во хрватските музеи, галерии и цркви.

– Никој не оспорува дека тие скапоцени работи треба да се вратат, но кога ќе се вратат и Србите и кога ќе се нормализираат условите за нивен живот, кога ќе се обноват разурнатите цркви и кога трајно ќе се обезбеди српското црковно богатство од пропаѓање, кражби и девастирање – истакна Будимир. – Во Хратска е уништен поголем дел од православните богослужбени предмети, како и најголем дел од српските споменици. Рушени се 3.000 споменици, кои главно беа поврзани за антифашистичката борба на Србите. Се работи за темелно уништување на културата на Србите во Хрватска, каде речиси сите книги кои се на кирилица беа запалени. Само помал дел од културното богатство е пренесено во Србија и е зачувано. И наместо Хрватска да биде благодарна што е пренесено и спасено од уништување, тие кои над спрското наследство направија геноцид, сега бараат тие остатоци да бидат пречка за влезот на Србија во ЕУ.

Поголемиот дел од тоа богатство кое Хрватска сега го бара е имот на Српската православна црква. Се работи за 1.065 културни добра од 45 православни цркви, манастири и ризници од подрачјето на Далматинската, Осиечката и Барањската епархија.

– Како што истакнаа хрватските политичари, тие не се оттуѓени, ниту украдени, туку во текот на војната се однесени на сигурно. Нашето културно богатство дојде во Србија легално, не е украдено – тврди Будимир. – Ние не го крадевме своето наследство. Само го однесовме на сигурно да не доживее иста судбина како богатството кое систематски беше уништувано за време на НДХ.

Во прилог на тоа зборува и извештајот од експертот на Советот на Европа Фон Имхоф, кој констатираше дека спасувањето на културното наследство е изведено под највисоки стандарди, а во согласност со европските и светските конвенции.

– Попримерно би било Хрватска да одговори што е со културното богатство кое по прогонството на Србите остана таму, а кое беше изложено не само на кражби и уништување, туку и на минирање и рушење до темел. Никој не го осуди уништувањето на спомениците кои поради својата архитектонска и уметничка вредност припаѓаа на највисока категорија – вели Будимир. – Во племен исчезнаа црквите во Растовац и Доња Рашеница, како и во Бузета кај Глина. Сето тоа од 18 век и под заштита на Унеско. Каринската црква Света Недела беше минирана и срушена до темел. Никој не прашува ни зошто се срушени православните храмови во Пакрац и Карловац, за фрлената бомба на соборниот храм во Дубровник или демолираната црква во Обровац? Не се знае ни каде заврши уништената епископска библиотека во Пакрац, кој ја основаше Арсеније Трети Чарнојевиќ, кој ги сруши остатоците од Чесниот крст во Велики Зденци и манастирот во Орановац.

Покрај зградата уништени се и цели галерии на икони, на познати иконописци и сликари од 15 до 20 век.

Будимир потсетува дека српското културно наследство каде и да се наоѓа, припаѓа нераскинливо на целината на националната култура:
– И затоа Србија мора да сериозно да го разгледа прашањето на спрското наследство во Хрватска. Не да побарува тоа да се префрли во Србија, туку да се утврди што е на црниот пазар, а што е во хрватските институции, а ние тоа да не го знаеме.

Уништени Двери

Покрај сакралните, во текот на 90-тите години страдаа и други споменици на српската култура. Уништени се Дверите на Стојан Јанковиќ во Ислам Грчки и во Далмација, кои беа пример на ладањската и форификациската архитектура. Покрај нив се наоѓаше и Црквата на Свети Ѓорѓија, која служеше и како семеен мавзолеј. За среќа пред страдањето од дворовите е земен целиот иконописен материјал, архивата, библиотеката, сликите, мебелот и други предмети кои припаѓале на Јанковиќ и нивните наследници.

Богатството од Фрушка гора

Во усташката програма на НДХ посебно место имаше и кражбата на богатството на Српската православна црква кое е стекнувано со векови. Иако за тие кражби се напишани неколку редови, вистинските факти никогаш не се утврдени. Се знае дека хрватската држава до голи ѕидови ја остави, се е украден и манастирите на Фрушка гора, како и централната некогашна Карловачка митрополија во Сремски Карловци. Архиереите на Српската православна црква се обидуваа многу пати да се врати украденото. Почнаа веднаш по војната во 1945 година… Успехот беше минимален, па нејголем дел од тоа богатство остана во Хрватска до денешни денови. Така во Хрватскиот историски музеј во Загреб остана и портретот на Стојан Јанковиќ, голем ускочки водач од 18 век.

Вечерње новости – Белград

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка