Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека земјата до 1.мај ќе има еден милион дози од вакцините против Ковид-19. Тоа е нешто помалку и посопро од очекувањата вели Пленковиќ. Најголема штета според него е што Хрватска има нарачано најголема колицина од вакцината на АнстрЗенека, а компанијата ја успорти дистриубуцијата.
Владата на Хрватска има нарачано вкупно 6,8 милиони дози вакцни, а досега во земјата се пристигнати 430 илјади. Пленковиќ вели дека проблемот се прави поради огромните дози нарачки до компаниите кои прозиведуваат вакцини, не само од земјите членки на ЕУ туку и од државите од целиот свет.
Хрватска сака да ја забрза динамиката на вакцинација поради тоа што е туристичка земја и сака да влезе во туристичката сезона со што повеќе вакцинирани граѓани и да обезбеди механизми на ниво на ЕУ за слобода на дивжење.