Хрватска: Бандиќ останува во притвор, судот одби кауција

Од:

Загребскиот жупански суд прифати кауција за сите осомничени во аферата Аграм, освен за градоначалникот Милан Бандиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Порталот „Индекс“ пренесува неофицијални информации според кои адвокатите на Бандиќ како кауција понудиле недвижен имот во вредност од околу 5,8 милиони куни, односно 750.000 евра, што судот ја оценил како премногу ниска.

На Бандиќ повторно е утврден истражен затвор поради опасноста додека е на слобода да влијае на сведоци и да го повтори кривичното дело.

Останатите осомничени понудиле кауција од 75.000 до четрии милиони куни што е прифатена. Одлуката се уште не е конечна и треба да биде потврдена од хрватската Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал.

Градоначалникот на Загреб е осомничен дека го оштетил градот со кој управува 12 години, а со неплатен данок на донации примени по претседателските избори во 2010 година, дека го оштетил и државниот буџет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски