Хрватите се повеќе пазарат во Босна поради зголемувањето на ДДВ-то

Од:

Аптеките и продавниците со прехранбени производи во Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска, имаат зголемен број хрватски клиенти по воведувањето на почетокот на годината на ДДВ во Хрватска врз лекарствата и некои прехранбени производи, пишува сараевскиот весник „Дневни аваз“.

Потрошувачите од Хрватска доаѓаат во БиХ во потрага по поевтини лекарства, прехранбени производи и пијалоци. Според податоците на граничната полиција на БиХ, во просек по 50 автомобили дневно ја минуваат границата меѓу Хрватска и БиХ кај Долјани.

Аптеките, исто така, бележат зголемен број потрошувачи од Хрватска, што го објаснуваат со пониските цени во БиХ по воведувањето во Хрватска на 1 јануари 2013 година ДДВ од пет проценти на лекарствата, лебот, млекото и книгите.

Хрватите пазарат во БиХ бидејќи ДДВ-то во земјата изнесува 17 проценти, а секоја набавка од над 100 конвертибилни марки, или 50 евра, ги исполнува условите за враќање на ДДВ.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер