Хрватите ќе ја урнат куќата на Тито во Гајници

Од:

Некогашната куќа на Јосип Броз Тито во Гајници, Хрватска, во која за време на Втората светска војна, престојувал со тогашната сопруга Херта Хас и синот Мишо, наскоро би требало да биде урната, а на тоа место ќе се гради нова зграда на Месниот одбор на Гајница.

-Гајнице е единствен месен одбор кој нема своја просторија и на овој начин би се решил проблемот. На ова подрачје живеат околу 9.000 жители – изјавил Дубравко Перош, претседателот на собранието на Подсусед-Врапче.

Тој додал дека градбата не е под никаква заштита и дека нема статус на спомен куќа, а за евентуално поставување на спомен обележје за Тито е подготвен да разговара.

Инаку синот на Јосип Броз, Мишо, во 1979 година се одрекол од куќата под услов на тоа место да се изгради меморијален музеј за неговиот татко и НОБ. Со оглед на тоа што проектот не е реализиран, тој во 2003 година поднел тужба против Загреб и барал враќање на имотот, меѓутоа судот го одбил неговото барање.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби