Хрватите без можност да се вработат во Словенија

Од:

Хрватска на 1-ви јули официјално ќе влезе во ЕУ, но нејзините граѓани ниту наредните две години нема да може да се вработат на подрачјето на соседна Словенија.

Словенечкиот парламент, имено го потврди Законот според кој на пазарот на трудот државата ќе остане затворена за хрватски работници, во период од две години, откако Хрватска ќе влезе во Унијата.

Законот е прифатен на предлог на валадата, односно на Министерството за труд, кое најави дека поради тешката состојба во словенчкото стопанство оваа година и идната ќе продолжи да се зголемува невработеноста.

За вработување на хрватски државајани во Словенија и идните две години ќе биде потребна работна дозвола.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ