Хрват на полицијата доброволно и предал цел арсенал оружје

Од:

Жител на Загреб на хрватската полиција и предал цел арсенал оружје, но бидејќи полицијата има пракса да не казнува за поседување илегално оружје, доколку тоа биде предадено доброволно, тој нема да биде казнет, јави агенцијата Хина.

Загрепчанецот, чии лични податоци не се соопштени, вчера на полицијата и предал 46 рачни бомби, противтенковски минофрлач М80, четири повеќеделни гранати, стомилиметaрски проектил, 2,6 килограми експлозив ТНТ, 1,5 метри детонациски кабел, 15 метри спрогоречки фитил, 11 детонатори, 91 куршуми и три реплики на артилериско оружје.

Полицијата соопшти дека нема да бара кривична одговорност за граѓанинот што го предал оружјето, бидејќи тоа го направил доброволно. Оружјeто ќе биде преземено од овластени полициски службеници во цивилна облека и ќе биде траспортирано со возило без полицикси ознаки.

Полицијата уште еднаш потврди дека и натаму важи одлуката да не се казнуваат граѓаните кои добровoлно го предале оружјето што го поседуваат илегално.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег