Хорор во Грција: Го претепале и го фрлиле од тераса

Од:

Грчката полиција уапси четворица млади момчиња во Солун под сомнение дека претепале 52-годишен маж пред да го фрлат од тераса, од висина од 6,5 метри.

Жртвата во моментов се наоѓа во болница поради повредите здобиени во нападот и од падот, објави Катимерини.

Инцидентот се случил по вербален конфликт во средата вечерта, а уапсените се на возраст од 20, 24, 34 и 35 години.

Се верува дека еден од уапсените е поврзан со жртвата.

Обвинителот поднесе кривична пријава за убиство во обид, нанесување тешка телесна повреда, недозволено носење и употреба на оружје, оштетување на имот и нарушување на јавниот ред и мир.

Полицијата на местото на настанот запленила метална прачка и нож.

Осомничените се појавиле пред истражен судија, кој им одреди мерка притвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Насилство на скопската обиколница, стопирал со полициска значка од татко му

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он