Хомосексуалните двоjки во Словенија добија право на наследување

Од:

Уставниот суд на Словенија за неуставен го прогласи Законот за наследство, со објаснување дека во него се дискриминираат хомосексуалните двојки, пренесоа словенечките медиуми.

Судот констатира дека законот му противречи на Уставот затоа што не го предвидува правото на наследување на имотот на починатиот партнер од хомосексуалната двојка по долготраен заеднички живот, што им се дава на партнерите од хетеросексуални двојки во вонбрачна заедница.

За оваа пресуда гласаа седум судии, а двајца беа „против“.

Словенечкиот геј активист Митја Блажиќ одлуката на судот ја нарече „историска“ и предложи правната дискриминација на хомосексуалните двојки во сите области да биде укината со еден рамковен закон од кој ќе стане јасно дека социјалните права не се поврзани со сексуалната ориентација.

Според законот од 2007 година, истополовите двојки во Словенија можат да регистрираат „партнерски сојуз“, кој, меѓутоа, не е признат за официјален брачен сојуз.

Семејниот кодекс, што предвидуваше поголеми права за истополовите двојки, вклучувајќи и наследување, парламентот го донесе во 2011 година по предлог на тогашната влада на Борут Пахор, но на почетокот на минатата година беше отфрлен на референдум.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја