Холандската Влада ја прифаќа одлуката на Врховниот суд за делумната одговорност за Сребреница

Од:

Холандската Влада соопшти денеска дека ја прифаќа одлуката на Врховниот суд на Кралството Холандија дека оваа земја е делумно одговорна за смртта на 350 муслимани во 1995 година на подрачјето на Општина Сребреница, во Босна и Херцеговина.

„Владата ја прифаќа одлуката на Врховниот суд. Државата со тоа ја прифаќа штетата што ја одреди Врховниот суд“, се наведува во соопштението на холандското Министерство за одбрана, пренесоа британските медиуми.

Убиените 350 лица во Сребреница, за кои Холандија ја има одговорноста, биле истерани од базата на холандскиот баталјон на ОН, на 13 јули 1995 година, по што сите биле ликвидирани.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски