Хоџај: Србија подмитува и шверцува оружје за повлекување на признавањата на Косово

Од:

Потпретседателот на косовската влада во оставка Енвер Хоџај изјави дека актуелните власти во Србија, во нивните напори за негирање на независноста на Косово, продолжуваат да ги користат методите на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ.

Хоџај, кој претходно беше и министер за надворешни работи на Косово, истакна дека претседателот на Србија Александар Вучиќ и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ се служат со корупција и илегална продажба на оружје, со цел да убедат некои од државите во светот да го повлечат признавањето на независноста на косовската држава.

– Лобирачката кампања против Косово по пат на корупција и илегална продажба на оружје и преку слични злосторнички дејствија сега веќе се потврдува и од самиот Белград. Типично за еден авторитарен режим како овој на Вучиќ и на советскиот пион Дачиќ, кои ја продолжуваат политиката на Милошевиќ во однос на Косово, напиша Хоџај на својот Твитер.

Поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ почина во Хаг, во притворот на Меѓународниот суд на Обединетите нации за воени злосторства во поранешна Југославија, додека му се судеше за геноцид и други злосторства во војните од 90-тите години од минатиот век во Хрватска, во Босна и Херцеговина и во Косово.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица