Хоџај: Белград го уби Оливер Ивановиќ по налог на Вучиќ

Од:

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај изјави денеска дека е јасно оти зад минатогодишното убиство на политичарот Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, стојат властите во Белград, а нарачател е претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Реакцијата на Хоџај е одговор на изјавата на директорот на Канцеларијата за Косово во српската Влада Марко Ѓуриќ, кој денеска истакна дека одоворни за убиството на Ивановиќ се претседателот на Косово Хашим Тачи и парламентарниот спикер Кадри Весели.

Хоџај, кој е актуелен вицепремиер и поранешен шеф на косовската дипломатија, за „Газета Експрес“ изјави дека е „општо познато“ оти „Белград е стожерот на тие кои стојат зад убиството на српскиот политичар“.

Потврда за ваквото тврдење, вели тој, е фактот дека самата српска држава го засолнува и го штити Милан Радојчиќ, човекот кој е еден од главните осомничени за атентатот.

– Србија е одговорна за убиството на косовскиот политичар Оливер Ивановиќ. Политичките налогодавци во Белград на главниот осомничен за убиството, Милан Радојчиќ, не само што го штитат и го поддржуваат, туку и го попречуваат расветлувањето на овој злосторнички чин преку клевети и пропаганда, изјави Хоџај за приштинскиот портал.

Според косовскиот вицепремиер, „изјавите на Вучиќ и на неговите потчинети, кои му служеа на злогласниот режим на Слободан Милошевиќ, ги заплашуваат косовските Срби за да не соработуваат со властите во Косово за расветлување на убиството на Ивановиќ“,

Тој вели дека убијците на Ивановиќ се наоѓаат во Белград, а нарачател на убиството е самиот претседател на Србија, Александар Вучиќ.

– Косово останува длабоко посветено на решавањето на овој случај што поскоро, бидејќи адресата на ова злосторство е Белград, а одговорен е самиот претседател Вучиќ, изјави вицепремиерот Хоџај.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне