Хисени: Мухаџери не е на Косово

Од:

Косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени ги негираше денеска медиумските наводи дека еден од командантите на групата Исламска држава (ИД), Лавдрим Мухаџери неодамна престојувал во Косово. 

– Тоа се медиумски шпекулации. Тоа лице не е во Косово, истакна Хисени. 

Тој исто така наведе дека, ако командантот на ИД би бил во Косово, косовските власти „ќе го дочекале“. 

– Нема да навлегувам во детали бидејќи истрагата е се уште во тек. Приведовме 17 лица кои во моментов ги испитуваме. Во тек е судски процес, нагласи ковоскиот министер за внатрешни работи. 

Италијанскиот „Еспресо“ на 26 декември, повикувајќи се на извори од италијанската разузнавачка служба, објави дека „крвникот од Качаник“, односно Лавдрим Мухаџери, еден од најбараните команданти на ИД, пред неколку месеци се вратил во Косово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија