Американскиот државен секретар, Хилари Клинтон, на 30-ти и на 31-ви октомври ќе ги посети Белград и Приштина.
Оваа посета на Клинтон ќе и биде последна во регионот, откако најави дека по ноемвриските претседателски избори во САД, без оглед на исходот, ќе се повлече од функцијата државен секретар.
Премиерот Ивица Дачиќ претходно најави „скора посета“ на американски официјални лица, не прецизирајќи за кого станува збор.
Тој потврди и дека следната седмица во Белград доаѓа шефот на Форин офисот, Вилијам Хејг, оценувајќи ја посетата како „многу позитивна за Србија“.
„Се е тоа резултат и последица на чекорите на Владата кон европската интеграција. Тие кои говорат дека односите со ЕУ се во криза, забораваат дека односите меѓу Србија и Унијата никогаш не биле подобри“, истакна Дачиќ.