Хил за Отворен Балкан: Тие сакаат да направат нешто, желба ми е да влезат Косово и БИХ

Од:

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, во интервјуто организирано од Атлантскиот совет, изјави дека би сакал да ги види Косово и Босна и Херцеговина во иницијативата Отворен Балкан, на која и признава заслуги за тоа што, како што вели, „тие навистина сакаат нешто да направат“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Не сум сигурен дека е валидна критика кога се вели дека Отворениот Балкан е обид на Србија да доминира над другите. Такво нешто во ЕУ со децении се говореше за Германија, како за преголема, изјави Хил и додаде дека многу би сакал да го види Косово во оваа иницијатива.

-Тоа ќе зависи од нив. Многу би сакал во тоа да ја видам и Босна и Херцеговина, но и тоа ќе зависи од нив, порача американскиот дипломат.

На прашањето зошто САД го поддржуваат Отворен Балкан, амбасадорот Хил наведува неколку причини за поддршка на иницијативата и оддаде признание на Отворениот Балкан за актуелните односи меѓу Србија и Албанија.

-Пред сè е отворен. Мислам, секој што сака да се приклучи, а патем, тоа го вклучува и Косово е добредојден. Второ, ги поддржува стандардите на ЕУ, во однос на владеењето на правото, во однос на регулативите. Се чини дека е повеќе фокусирано на тоа да направиме нешто наместо да го проучуваме проблемот во следните 10 години – тие навистина сакаат нешто да направат. И за тоа им признавам големи заслуги. Би рекол дека српските односи со Албанија се добри како што веројатно никогаш не биле во историјата, оцени американскиот амбасадор во Белград.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

A1on

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан