А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Регион

Хеликоптер се урна во предградието на Атина

by А1он15/06/2025 - 15:12387
Share0

Приватен хеликоптер се урна денес во близина на пристаништето Вулијагмени, јужно од Атина, соопштија грчките власти.

Добивај вести на вибер

Според првите информации од грчкото Министерство за бродарство, пет лица од леталото се спасени, објавува „Катимерини“.

Четири странци и грчкиот пилот се во добра здравствена состојба, според соопштението на Министерството. Хеликоптерот паднал во морето за време на обидот на пилотот да слета на аеродромот Астерас во Вулијагмени.

Според првичните информации, хеликоптерот слетал на хелиодромот на пристаништето и набргу потоа се обидел да полета, меѓутоа, само неколку секунди по полетувањето од земјата, одеднаш се урнал, од причини кои сè уште се непознати, објавува порталот Прототема.

На местото на настанот владеел хаос, бидејќи областа била полна со капачи и посетители, додека сликите добиени од порталот го доловуваат моментот на падот и метежот што следел.

На местото на настанот пристигнале крајбрежната стража, противпожарната служба и полицијата, а нуркачите успешно извлекле пет лица од леталото.

grcijahelikopterregion

Би можело да ве интересира

Во Загреб, ветерот ја откорна фасадата на нова зграда, падна врз автомобили

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:0627/03/2026 - 16:07

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски24/03/2026 - 13:2424/03/2026 - 13:24

Пленковиќ: Пристигнува најголемата енергетска криза во поново време

Предраг Петровиќ21/03/2026 - 15:57

Анкета: Огромно мнозинство Хрвати сметаат дека нападот врз Иран не е оправдан

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:3820/03/2026 - 21:39

Го убија, пренесоа и го запалија неговото тело во близина на Сплит, поднесено обвинение

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 19:46

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 09:1317/03/2026 - 13:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто