ХДЗ: Парламентарни избори во Хрватска ќе нема и покрај скандалите во владата

Од:

Хрватската демократска заедница (ХДЗ) денеска ги демантираше информациите дека поради последниот скандал во владата, кога беше уапсен министерот за градежништво, Дарко Хорват, дошло до поделби и несогласувања меѓу коалициските партнери и самата партија, на чие чело е премиерот Андреј Пленковиќ.

Тврдат дека партијата е силна и стабилна и дека има солидно и стабилно парламентарно мнозинство. Оттаму наведуваат дека досега илјада пати се видени измислувања некакви „превирања, наводни конфликти и ултиматуми“ во редовите на ХДЗ.

ХДЗ демантира дека имало понуда до опозициското Татковинско движење на Иван Пенав да ја спаси владата во случај да се распушти актуелната владејачка коалиција.

Велат и дека нема да има предвремени парламентарни избори.

„Парламентарното мнозинство е силно и стабилно. Нашата влада продолжува да ја работи својата работа – за што ја доби довербата на хрватските граѓани во 2016 и 2020 година. Затоа, пастирите нека бараат состојба на поделеност и конфликт во редовите на немоќната, јалова опозиција. Во неа и ќе ја најдат“, објави ХДЗ на својата страница на Фејсбук.

Овој демант се појави по вчерашната петчасовна средба на коалицијата на која не беше постигнат договор за избор на нов министер за градежништво.

Лидерите на реформистите и на ХСЛС го одбија предлогот на Пленковиќ тоа да да биде претседател на ХНС.

Во медиумите се појавија информации дека ХДЗ се обидела да ја добие поддршката од Татковинско движење во случај актуелните коалициски партнери да ги напуштат, но ова движење ги одбило.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ