Хашкиот трибунал побара привремено ослободување на Воислав Шешељ

Од:

Хашкиот трибунал денеска побара од владите на Холандија и Србија вечерва, до 18 часот, да се изјаснат за можното привремено пуштање на слобода на обвинетиот Воислав Шешељ.

Трибуналот наведе дека дополнително добил доверливи информации за кои јавноста веќе е запознаена, а кои укажуваат на влошување на здравствената состојба на Шешељ.

Со оглед на новиот развој на настаните, Трибуналот ја разгледува можноста за привремено пуштање на слобода на Шешељ и затоа ги повика Србија и Холандија најдоцна до вечерва до 18 часот  да го достават своето мислење.

Трибуналот од Владата на Србија побара и потврди дека ќе биде во можност да гарантира дека обвинетиот нема да стапи во контакт со сведоците или жртвите и дека Шешељ ќе се врати под надзор на Меѓународниот суд во Хаг штом тоа ќе го нареди Судскиот совет.

Судскиот совет неодамна ја разгледуваше можноста Шешељ заради влошување на здравствената состојба привремено да се пушти на слобода, но ја прекина оваа постапказаради немање соработка од обвинетиот, се наведува во соопштението на Хашкиот суд.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он