Хашкиот трибунал ги објави условите за Шешељ

Од:

Хашкиот трибунал обелодени доверлив анекс со услови за привремено ослободување на Војислав Шешељ, според кој се обврзува да се појави пред судскиот совет, кога тоа од него ќе биде побарано.

Според истиот документ тој по пристигнување во Србија, треба да ја предаде патната исправа на властите, да нема контакт со жртвите и сведоците во процесот кој се води против него и да не влијае на нив на каков било начин, но и на ниту еден начин да не врши притисок на постапката.

Истражниот совет предводен од судијата Жан Клод Антоанет, кој ја потпиша одлуката за укинување на довеливост на анексот од 6-ти ноември, во истиот документ ја повика Србија да не му издава нова патна исправа на обвинетиот, без согласност на Истражниот совет.

Во документот се наведува Холандија да го спроведе обвинетитот до аеродромот во Амстердам или некој друг аеродром на денот на ослободување и по негово враќање во државата кога судот ќе одреди да го задржи и спроведе во затворската единица.

Истражниот совет упати барање и до транзитните држави да обезбедат безбеден престој на транзитниот аеродром за обвинетиот, но и да го уапсат доколку се обиде да побегне.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он