Харадинај се закани: Не ја давам Газивода, ако има договор со Србија ќе падне Владата

Од:

Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај побара од косовскиот премиер Хоти да не го потпишува понудениот договор со Србија, бидејќи како што кажа тој, предмет на документот е езерото Газивода, а предложениот договор ќе ѝ даде на Србија „пристап до косовските природни ресурси“.

Во случај договорот да биде потпишан од косовската страна, министрите од партијата на Харадинај ќе поднесат оставка од кабинетот, по што неговата партија ќе ја напушти владејачката коалиција, пишува порталот Бота сот.

Харадинај изјави дека неговата партија во иднина не сака да соработува со Влада која ќе го потпише штениот договор со кој на Србија и се дава пристап до ресурсите на Косово.

„Ако овој договор биде потпишан и го содржи прашањето за Газивода, јас и мојата партија, кои сме дел од владејачката коалиција, нема да го поддржиме“, рече тој.

Тој објасни дека е отворен да разговара и соработува за иднината на Газивода со американското Министерство за енергетика, но и дека тоа не треба да биде дел од договорот со Србија.

„Апелирам до премиерот Хоти да не го потпишува договорот“, рече Харадинај и додаде дека на барање на Србија, спорната точка десет, во која се бараше меѓусебно признавање на Србија и Косово, била отстранета.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор