Харадинај претендира на премиерската позиција

Од:

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека не се откажал од кандидатурата за косовски премиер.

За време на посетата на општина Дечане, тој изјави дека одлуката на уставниот суд ги променила односите во коалицијата ВЛАН и за вечерва најави состанок на лидерите од блокот, на кој ќе бидат разгледани барањата на ДСК, пренесе Мета.

– Јас сум од сите нив најдобро позициониран и не сум се одрекол од кандидатурата за премиер. Тие што сакат да ја спречат оваа кандидатура, ќе загубат. Во моментов имам некои несогласувања со меѓународниот фактор, но само околу тоа како би изгледала владата на Косово – рече Харадинај.

Лидерот на ДСК, Иса Мустафа, претходно денеска изјави дека ситуацијата на Косово во врска со конституирањето на институциите по парламентарните избори е многу позначајно отколку кој ќе биде на чело на институцијата.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица