Харадинај најавува формирање армија на Косово преку уставни измени

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи денеска дека Владата ќе се обиде да ги трансформира силите за безбедност во државата во редовна армија преку уставни измени. Тоа ќе биде направено за да се одговори на барањата на меѓународните партнери, наведе тој.

За време на посета на главниот штаб на силите за безбедност на Косово, Харадинај денеска изјави дека „ние треба да дадеме уставен мандат за идната армија“.

Претседателот Хашим Тачи под притисок на НАТО и САД претходно повлече нацрт закон со кој требаше да се заврши трансформацијата на силите за безбедност. Нацрт законот „бара“ само мнозинство гласови во парламентот додека измените на Уставот треба да ги поддржат и претставниците на етничките Срби и останатите малцинства.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија