Харадинај: Ќе бидам премиер, никој не може да ме спречи

Од:

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај попладнево во Дечани ги демантираше пишувањата на дел од косовските медуми дека местото премиер во идната косовска влада му го препуштил на лидерот на Демократскито сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа.

-Јас сум најдобро позициониран, јас сум токму во центарот и не сум се откажал од кандидатурата за премиер. Оние кои сакаат да ме спречат во тоа ќе излезат губитници, изјави Харадинај, кој призна дека меѓу него и меѓународните претставници има некои несогласувања, но оти тие се однесуваат само околу составот на новата влада.

Како што јави дописникот на МИА, тој потврди дека лидерите на коалицијата ВЛАН (Иса Мустафа, Рамуш Харадинај, Фатмир Лимај на Иницијативата за Косово и Албин Курти на Движењето „Самоопределување“) вечерва ќе се сретнат за да се договорат околу барањето на Демократската партија на Косово (ПДК) да и биде отстапено спикерското место во Парламентот, а за возрат да формираат влада.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица