Харадинај до Курти: „Не ја укинувај таксата, те замолувам“

Од:

 Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај му се обрати на неговиот наследник на чело на владата, Албин Курти, со отворено писмо во кое го замолува тој да не ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

На почетокот од писмото што го објави на Фејсбук, Харадинај му одава признание на Курти за пожртвуваноста во минатото и го моли да не го дозволува, како што вели, „пазарот од 400 милиони евра за Србија“, државата која го пикна во затвор, го тепаше и тортурираше.

„ Ние може да не се согласуваме за многу работи од дневната политика, но твојата жртва секогаш сум ти ја признавал. Поради таа жртва сакам лично да те замолам да не ја укинуваш таксата кон Србија. Албин, не го дозволувај пазарот од 400 милиони евра за Србија, државата која те тепаше и тортурираше. Државата која со парите на народот на Косово купува оружје во Русија“, напиша Харадинај.

„Преиспитај ја одлуката Албин. Ние можеме да продолжиме да не се согласуваме. Поради тие несогласувања суверенот ја донесе одлуката на 6 октомври, но оваа тема е поголема од една шака гласови. Во спротивставувањето на Србија треба да бидеме заедно до меѓусебното признавање, а не да бидеш за некаков „реципроцитет“ без признавање, напиша Харадинај во отвореното писмо.

Курти, кој беше избран на чело на новата косовска Влада минатиот понеделник, на 3 февруари, најави дека спорната такса на српскиот увоз ќе ја замени со, како што вели, „целосен политички, економски и трговски реципроцитет“ кон Србија.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица