Хан: Стремежот на Турција за членство во ЕУ се усложнува заради ерменскиот геноцид

Од:

Непријателската реакција на Турција кон европските држави, кои како геноцид го оценија убивањето на Ерменците во Османлиската империја во 1915 година, ќе го усложни стремежот на Анкара за приклучување кон Европската унија, изјави еврокомесарот за односи со соседите и преговорите за проширувањето на ЕУ, Јоханес Хан.

Како што пренесува БТА, Турција го отфрли тврдењето дека масакрот на 1,5 милион Ерменци во екот на Првата светска војна претставува геноцид.

Анкара ги критикуваше земјите членки на ЕУ, вклучувајќи ги и Германија и Австрија, чии Парламенти претходно месецов го употребија овој термин во резолуциите по повод стогодишнината од настаните

Комесарот Хан за австрискиот весник „Стандард“ изјави дека „многу острата” реакција на Анкара треба да се разгледува во контекст на претстојните парламентарни избори во оваа земја во јуни.

-Тоа може да се покаже како многу популарно во некои делови на земјата и меѓу определени делови од населението. Тоа што, меѓутоа, ме загрижува се долгорочните последици, изјави Хан во интервјуто.

„На овој начин се сее семето на антиевропската и антизападна позиција, кои од сегашна перспектива идното приклучување кон ЕУ го прават многу тешко“, смета еврокомесарот.

Европскиот Парламент, исто така, овој месец ја поддржа резолуцијата во која ѕверствата од тој период се нарекоа геноцид, а тоа се случи на само неколку дена откако папата Франциско го предизвика гневот на Турција употребувајќи го истиот термин. 

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ