Хан: Се поголема волја за прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Од:

Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан денеска изјави дека постои се повеќе волја во ЕУ за да се разгледа членството на земјите од Западен Балкан, со што би се гарантирал мирот во регионот.

– Меѓу државите членки на ЕУ постои повеќе желба да се позанимаваат со проширувањето отколку пред една година, истакна Хан за австрискиот весник „Винер цајтунг“.

Тој смета дека земјите членки сфатиле дека мирот на Балканот може да се осигура преку перспективите за членство во ЕУ.

Според Хан, Западен Балкан и 20те милиони луѓе кои живеат во тој регион се привлечен пазар за ЕУ и тој додаде дека не се согласува со идејата „Европа со повеќе брзини“, бидејќи така државите-членки би се оддалечиле едни од други.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан